Среќен роденден Odgovori.mk!

„Засега сум задоволен од сервисот, а за некое време ќе биде уште подобар.“ вели креаторот на Odgovori.mk, Даниел Брзанов a.k.a Delicon.

„Ќе го промениме дизајнот малку, ќе стане поедноставен и пофункционален. Ќе додадеме дополнителни нешто, како појавувања на прашања и одговори во реално време, профили, пријатели, коментари, групи и слично, ќе има и логирање со Facebook…“

За кратко време славиме една година на два одлични македонски сервиси. Пред некој ден беше првиот роденден нa 0.мк, сега е на Odgovori.mk. Ова делува доста оптимистички дека македонскиот Веб е на добар пат да добие интересни и корисни сервиси наменети за македонските корисници. Наместо да барате одговори на Yahoo answers или слични сервиси и да се губите по мрежата, прашајте ги македонските корисници или споделете го вашето знаење.

4 коментари на “Среќен роденден Odgovori.mk!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии