„Помина и првата година од стартувањето на сервисот, исполнета со многу подеми и падови, позитивни и негативни критики… од се по нешто… позитивните не мотивираа за да продолжиме, а негативните уште повеќе не мотивираа да го подобриме сервисот.“ пишува во блог постот.
Една од добрите идеи на 0.мк уште од почетокот не чекаа некој да го посети сајтот, туку креаираа додатоци за прелистувачите, дел за кој помогна и твитерџиите придонесувајќи за креирање на корисен македонски сервис.
„Успешната работа на сервисот во изминатата година (покрај одличните позитивни презентации од страна на медиумите) ја запечатуваме со освоеното прво место на „Веб дизајн предизвикот” организиран од страна на IT.com.mk и MkHost.“