„Иако требаше скоро декада за доменот и корисничкиот интернет да стартуваат, денес имаме преку 80 милиони .com сајтови и доменот е важна карактеристика на нашиот културен развој.“ вели VeriSign, компанијата која е одговорна за .com.

Oд 80 милиони .com домени – 11.9 милиони се за бизнис и е-трговија, 4.3 милиони се забавни сајтови, 3.1 милиони се сајтови поврзани со финансии, 1.8 милиони се спортски, а останатите се најразновидни сајтови, од порно, до лични сајтови, галерии, сервиси…. Најпопуларните зборови во адресата на .com домените се “home” (1.2 милиони), “online” (1 милион) и “land” (891,000). Од видот на сајтовите до најчестите зборови, .com е домен на нашето секојдневие. Среќен роденден .com!

Oва е листа на првите 10 .com домени, според Iwhois :

  • Symbolics.com – 15 март 1985
  • BBN.com – 24 април 1985
  • Think.com – 24 мај 1985
  • MCC.com – 11 јули 1985
  • DEC.com – 30 септември 1985
  • Northrop.com – 7 ноември 1985
  • Serox.com – 9 јануари 1986
  • SRI.com – 17 јануари 1986
  • HP.com – 3 март 1986
  • Bellcore.com – 5 март 1986

Повеќе за историјата на .com доменот можете да прочитате на Wikipedia.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии