Среќен 50-ти роденден Star Trek!

Се чини неверојатно за сите оние кои уживаа во серијалот, но една од најпрепознатливите серии слави 50 години од првата епизода. Серијата влијаеше и уште влијае на развојот на технологијата, а дел од уредите кои денес се секојдневие за првпат се појавија на малите екрани како научна фантастика.

Во оригиналата серија, членовите на екипажот за комуникација користат уред кој им овозможуваше да зборуваат без разлика на растојанието. Едноставно ги отвораа (слично како „флип“-телефоните) и зборуваа. Модерните телефони се понапредни. Сепак вакви уреди за прв пат видовме во серијата. Како и во серијата, благодарение на телефоните и GPS-лоцирањето постојано ја знаеме положбата на луѓето.

star-trek1

Комуникацијата помеѓу суштествата од различни планети со универзалниот преведувач во серијата беше едноставна. Skype преведувачот и Google Translate не се дојдени до оваа фаза, и има уште многу работа за преведувачот да биде барем блиску до оној од серијата, но се на добар пат да го направат тоа.

Виртуелната реалност е далеку од холодек технологија, но за жал е најблиску што сме дошле досега. Microsoft е една од компаниите кои објавија дека имаат патент за холо-технологија, иако далеку од собата за забава на Ентерпрајз.

Причина за овие сличности може да се бара и во фактот што голем дел од луѓето кои влијаат на технологијата денес, растеа со оваа серија. Па влијанието на Star Trek не може да се занемари. Google е една од компаниите кои отворено признаваат дека некои од своите уреди ги моделираат по овој универзум. Гласовните асистените: Siri, Cortana, Google Now се прв чекор кон комуникација со компјутерите како што гледаме во серијата.

„Star Trek компјутер не е метафора која ја користиме за да им објасниме на другите што градиме. Тоа е идеал кој ние се стремиме да го изградиме – идеална верзија која е е направена реалистично.“, вели Амит Сингал кој го води тимот за рангирање на пребарувањата на Google. „Капетанот Кирк никогаш не вади тастатура за да го праша компјутерот“.

spock_0

Очигледно Google не е единствената компанија во која има вљубеници во серијата. По повод јубилејот, Facebook издаде нови сет на „реакции“. Оригиналната идеја беше одбележување со рамка за профилна слика, но се премисливме и воведoвме привремени реакции, вели Линдзи Шепард од Facebook на својот блог.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии