Уредувајте фотографии со Photopea

По самото покренување на Photopea и краткотрајно играње низ опциите, нема да можете, а да не се здобиете со впечаток дека апликацијата влече силна инспирација од Adobe Photoshop, со една мала разлика. Photopea е целосно бесплатна алатка за онлајн уредување фотоградии.

Низ релативно сличен изглед, на располагање имате бројни опции за дополнително средување на фотографиите. Можете набрзинка да средите фотографии, на сличен начин како со бројните онлајн уредувачи, но, доколку загребете под површината, ќе најдете исклучително напредни можности, серија од корисни алатки за уредување, како и бројни урнеци. Таквите опции, меѓутоа, бараат екпериментирање и одредена доза трпеливост од почетниците.

Многу корисници често ја препорачуваат Photopea како солидна алтернатива на Photoshop која одлично функционира на постари, а со тоа и поспори компјутери. За да станете вешти во работа со оваа апликација, дефинитивно посетете го и сајтот со бројни туторијали кои правилно ќе ве запознаат со алатките и начинот на кој функционираат. Посетувајте го често затоа што редовно се надополнува со нови совети и објаснувања.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии