Србија започна да регистрира кирилични .срб домени

Србија е првата балканска земја која започна со регистрација на кириличниот домен .срб. Ова е втор национален домен на Србија.

Интересно во првите часови од кога доменот е достапен, се регистрирани над 235 домени. Предност за регистрација имаат корисниците на .rs домените кои во првите шест месеци ќе добијат промотивна цена од еден српски динар.

Кириличните домени се дел од интернационалните домени (IDN домени) кои беа преставени од ICAAN пред две години, во ноември 2009-та. Со IDN домените се овозможува различните земји да добијат домени на различни јазици кои не ја користат англиската азбука.

„Благодарение на споцифичностите на српската кирилица еден глас да одговара на една буква, адресите со .срб доменот ќе се разликуваат од, на пример, многуте домени на англиски јазик, и недвосмислено ќе се изговараат како што се напишани.“, вели српскиот регистар.

Иако сајтот на регистарот е РНИДС.срб, сепак URL-то на сајтот е http://xn--d1aholi.xn--90a3ac. Ова е бидејќи интернационалните домени се складираат во DNS системот како ASCII стрингови, односно unicode знаковите се претвараат во ASCII знаци. Доменот .срб може да содржи најмногу 63 ASCII знакови по ACE компатабилната конверзија.

4 коментари на “Србија започна да регистрира кирилични .срб домени

  1. Далеку е Србија од прва блакаснка земја која подржува рагистација на кирлилца

    [06.09.2009г.] От 05.09.2009г. Регистър.БГ разширява услугите си по регистрация на домейни в областта .bg и подобластите, като предоставя възможност за регистриране на домейни с интернет име, изписващо се на кирилица (Internationalized Domain Names – IDNs). Изискване при регистрацията на тези домейни е интернет името да се изписва само на кирилица и да съдържа поне една буква, отличаваща се визуално от латинската азбука: б, г, д, ж, и, й, л, п, ф, ц, ч, ш, щ, ь, ъ, ю, я. Новите Общи условия са публикувани на https://www.register.bg.

    Македонските медиуми се Noobs дали тоа беше вашата статија?

    1. Србија е сепак првата балканска држава која доби IDN.
      Поради сличноста на кириличниот домен .бг со Бразилскиот национален код .br на Бугарија не и беше
      одобрено барањето за регистрирање на кириличниот домен .бг.
      Бугарија сеуште нема поднесено апликација за добивање на IDN кој би бил различен од .бг.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии