Србија под лупа?

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Секоја телекомункациска услуга во Србија ќе биде архивирана и под мониторинг во реално време од страна на надлежните органи за електронски надзор, се наведува во новиот правилник на Српската агенција за телекомуникации (РАТЕЛ). Според блогот Internodium ова е невкусно и го руши принципот на приватност.

– Под маската на наводни "технички услови за интернет мрежи" во Србија се воведува досега незабележан масовен и неограничен надзор и архивирање на сите облици на електронска комуникација за потребите на службите за безбедност. Дури ни во најлошите времиња на теророт за време на режимот на Милошевиќ немаше ваква регулатива.* – пишува на блогот.

Иако овој документ стапил во сила на 11 јули, тој дури денеска е објавен на официјалниот сајт на РАТЕЛ. Правилникот, насловен "Технички услови за подсистеми, уреди, опремa и инсталации на интернет мрежи", составен од само неколку точки, ги обврзува сите јавни телекомуникациски оператори да создаваат бази на податоци на сите понудени услуги и корисници и да овозможат директен пристап до нив на надлежните органи.

Овој документ исто така ги обврзува сите телекомуникациски провајдери на свој трошок да овозможат на државниот орган аутономен мониторинг во реално време, да доставуваат извештаи до органите без криптографската заштита и да обезбедат хардвер и софтвер за пасивен мониторинг помеѓу претплатникот и било кој интернет провајдер.

Бараниот хардвер и софтвер, треба да овозможува надгледување на интернет активности, ИМ, е-маил вклучувајќи преглед на вклучени фајлови, ИП телефонски и видео сообраќај, и peer-to-peer (p2p) мрежи. Ова е прецизирано во претпоследниот пасус на точката 2 од документот:

"Хардверот и софтверот, кој е обезбеден од доставувачот на интернет услуги, треба да овозможува:
а) пасивен мониторинг на интернет активности во реално време;
б) собирање и анализа на статистика за интернет активности;
в) пресретнување на електронска пошта, придружни содржини (attachment) и обработка на веб маил-и;
г) пресретнување на ИП телефонски сообраќај, факсови и ИП видео сообраќај;
д) пресретнување на ИМ (instant messenger) сообраќај;
ѓ) пресеретнување на сообраќај на peer-to-peer мрежи."*

Дополнително на ова, хардверот и софтверот треба да овозможуваат реконструкција и филтрирање по кориснички имиња или броеви, е-маил адреси, ИП адреси или опсег, MAC адреси и ИМ кориснички имиња.

*слободен превод

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии