Србија инвестира 2 милиони евра во развој на стартапи

Српското министерство за иновации инвестира 2 милиони евра за развој на регионални стартап центри. Целта на програмата е системски напредок на иновативниот екосистем, преку отворање на овие регионални центри.

Центри ќе бидат отворени во повеќе градови: Крушевац,  Суботица, Пирот, Чачак, Зрењанин, Стара Пазова, Ваљево и Горни Милановац. Дополнително, за развој на женското иновативно претприемништво се инвестирани уште 850 000 евра. Овие стартап центри ќе се изградат во Нови Сад, Лесковац, Зајечар, Владичин Хан, Сремски Карловци, Тополи, Варварин, Лозница, Косјериќ, Мали Зворник и Кикиндa, јави Startit.rs.

Министерството со овој конкурс додели 250 милиони динари, а максималната сума која секој  град може да ја добие е 46 милиони динари. Средствата се неповратни и ќе се искористат за развој и напредок на екосистемите, со фокус на локалното.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии