Србија гласа за кирилични домени, МАРНет заглавен во процедури

Српските корисници во наредниве два месеци ќе можат да гласаат за наставките на кириличните домени. Гласањето за наставката, .срб, .ср, .србија или .рсб е последната пречка за Србија да добие кирилични домени. Работната група на српското ИТ министерство формирано во февруари успешно ги спроведе законите за кирилични домени, ги анализирале предлозите и доби согласност до ICANN и сега следува гласањето, а потоа ќе следи донесување на правилник за регистрација на домени, пренесува PersonalMagazin.

Што се однесува до македонските кирилични домени, ќе треба да почекаме. Имено МАРНет, агенцијата за издавање .mk домени, која моментално е под Универзитетот „Кирил и Методиј“ треба да биде превземена од Министерството за информатичко општество.

Во декември МАРНет рече дека „законот за префрлување на агенцијата е во собраниска процедура“. Но… се чини законите за таа транзиција на МАРНет се заглавена во собраниска процедура бидејќи и по шест месеци добив ист одговор, овојпат од МИО.

„Законот за основање на јавна установа која ќе се вика МАРНет и која ќе ги превземе сите обрски на постоечката МАРНет која функционира под УКИМ е се уште во собраниска процедура и се очекува наскоро да биде изгласана. Со формирање на новата установа ќе започне и реализација на регистрирањето на кириличните .мк домени.“, вели Сашо Димитријоски од Министерството за Информатичко општество.

ICCAAN ги одобри не-латиничните, интернационалните домени во октомври минатата година, а првите кирилични домени ги воведе Русија на 13 мај 2010 година.

4 коментари на “Србија гласа за кирилични домени, МАРНет заглавен во процедури

  1. Функционално, ширење броја ТЛД домена и нема неког смисла, али овај потез иде у корист очувања језика или писма – иначе, све ће постати и остати на енглеском.

  2. Иако МАРНЕТ навистина функционира на пареа и јаглен, сепак, не гледам голема практична примена на кириличните домени кај нас, освен кај стриктно кириличните сајтови какви што се порталите, интернет весниците или некои државни институции.
    Мислам дека работата ќе се сведе на тоа сите да побрзаат да регистрираат ваков домен и потоа да сфатат дека не можат да испратат емаил порака надвор од земјава, па полека да ја баталат целата работа.
    „Патриотите“, од друга страна, ќе заплачат од патос и гордост. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии