Squid Game е најгледана серија на Netflix

Дејан Соколоски

во Вести

За само 17 дена од излегувањето корејската серија Squid Game е изгледана на 111 милиони профили. Според оваа бројка серијата е најгледана серија на Netflix досега.

Овие 111 милиони корисници се значително повеќе од 82 милиони профили кои ја прегледаа досегашната најгледана серија Bridgerton. Сепак, целата статистика за гледање на серијата се заснова на податокот дали профилот ги погледнал првите две минути од серија. Оваа статистика е помалку некомплетна бидејќи не покажува колку од гледачите воопшто изгледале барем една епизода на Squid Game.

Според истите бројки Squid Game ја помина француската серија Lupin и сега е најпопуларна неанглиска серија на платформата.

Корејската серија ја раскажува приказната на група луѓе кои с е во долгови и добиваат покана да учествуваат во натпревар. Победникот ќе освои 50 милиони, а сите останати умираат во текот на играњето. Оригиналната идеја на креаторот и режисер на серијата Хван Донг-хјук била да креира филм, но бил одбиен од филмските студија во Јужна Кореја поради насилството во темата.

Ова е само еден метрика која ја следи Netflix кога се во прашање прегледите на најпопуларните серии. Покрај ова компанијата следи и број на прегледани часови за секој филм и за сериите. Популарноста според оваа метрика Netflix ја објави на крајот на минатот месец:

Најгледани серии

  1. Bridgerton прва сезона, 625 милиони часови
  2. Money Heist четврта сезона, 619 милиони часови
  3. Stranger Things 3, 582 милиони часови
  4. The Witcher прва сезона, 541 милиони часови
  5. 13 Reasons Why втора сезона, 496 милиони часови
  6. 13 Reasons Why прва сезона, 476 милиони часови
  7. You втора сезона, 457 милиони часови
  8. Stranger Things 2, 427 милиони часови
  9. Money Heist трета сезона, 426 милиони часови
  10. Ginny & Georgia прва сезона, 381 милиони часови

Најгледани филмови

  1. Bird Box, 282 милиони часови
  2. Extraction, 231 милиони часови
  3. The Irishman, 215 милиони часови
  4. The Kissing Booth 2, 209 милиони часови
  5. Underground, 205 милиони часови
  6. Spenser Confidential, 197 милиони часови
  7. Enola Holmes, 190 милиони часови
  8. Army of the Dead, 187 милиони часови
  9. The Old Guard, 186 милиони часови
  10. Murder Mystery, 170 милиони часови

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии