Square, плаќање преку мобилен

Процесот за плаќање преку мобилни е нешто неизбежно, нешто што ќе биде секојдневие, но како да се изведе сето тоа, a при тоа да се овозможи ефикасност и да се спречат кражби? Сигурно ќе видиме многу решенија наредниве години. Едно од тие решенија е и Square проектот на Џек Дорси, ко-основачот на Twitter.

Square сè уште е во изработка, но Кевин Роуз, основач на Digg, објави видео со прототип од уредот и апликацијата објаснувајќи го процесот на плаќање. Во видеото тој прикажува мал коцкаст налик-на-УСБ читач на кредитни картички кое се приклучува на телефонот. Целиот процес на плаќање оди преку телефон, од одбирање на сумата, до ставање на потписот. На крај и сметката доаѓа на мејл. Тоа што е интересно е што на сметката е и локацијата каде сте платиле. Друго што е интересно е што, заради безбедност, за плаќањето можете да си направите фото верификација.

[youtube]3BP5ax1qs5o[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии