Square Enix со CoreOnline нуди бесплатно играње на игри од конзоли на веб прелистувач

Square Enix  (Deus Ex, Hitman, Tomb Raider) започнаа со стримање на видео игри преку новиот сервис CoreOnline. Новата услуга ќе им овозможи на играчите да играат квалитетни наслови кои излегле на конзола бесплатно во својот прелистувач.

„Игрите на CoreOnline се достапни преку комбинација на технологија на Google, но и технологија на Square Enix, која овозможува поддршка за Chrome, Firefox и Internet Explorer. CoreOnline е лесен за употреба и им дозволува на играчите да изберат ниво и веднаш да почнат да играат, но и можност да се започне играта од било кој дел.“, објави компанијата на својата веб страна.

Бесплатно можеби значи дека играчите не мора да плаќаат, за разлика од сличниот OnLive сервис кој наплаќа месечна претплата и кој заглави во проблеми, но сепак ќе мора да гледаат реклами за да го зголемат бесплатното време за играње. Засега единствен поголем наслов достапен за играње е Hitman Blood Money, но за октомври е најавена и Lara Croft and the Guardian of Light. Најверојатно на сервисот барем за сега нема да видиме нови игри од Square Enix, но можеби ќе има нови игри од независните гејминг студија.

CoreOnline може да реши еден друг проблем на кој индустријата се жали подолго време. Според издавачите на игри за конзоли, препродавањето на купени и изиграни видео игри, им одзема повеќе средства отколку пиратството. На CoreOnline најверојатно ќе се најдат токму овие 2-3 години стари игри, па компаниите ќе можат да профитираат и од нив.

Ова е добра вест за PC гејмерите кој можеби конечно ќе можат да ги играат еклузивните игри за конзола, се разбира со задоцнување од неколку години :(.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии