Спречете потенцијални OS инфекции со новата алатка OSArmor

Најбрзиот начин до непотребна главоболка е преку закачување тврдоглави штеточини во форма на malware или ransomware. За последиците од ваквото нешто сме пишувале во бројни прилики, како и за еден од подобрите софтверски решенија за нивно спречување.

Најновата безбедносна алатка која се труди да пoнуди дополнителен штит одбрана нѝ доаѓа од NoVirusThanks. OSArmor е исклучително мало и неприметно решение кое не бара никакви чекори на прилагодување. Едноставно се инсталира и вдомува во позадина и, со минимална искористеност на ресурсите на вашиот компјутер, го надгледува вашиот систем, идентификува и блокира сомнителни процеси или акции.

Доколку се играте со скромните опции, би можеле да изберете какви заштити сакате да бидат имплементирани во реално време, како блокирање процеси со познати екстензии кои се всушност лажни (како pdf.exe) или да се блокира автоматско ширење malware при приклучување USB стикче. За најзагрижените, има и фолдер со релативно детални увиди во идентификување и блокирање на сомнителните процеси.

OSArmor v1.3 e бесплатен за користење и тоа за Windows XP, Vista, 7, 8, 10 (32\64-bit).

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии