Спречете обид за ransomware со ShadowGuard

Shadow Copies се бекап копиите со вашите податоци кои ги создава Windows за да може лесно да ги врати доколку настане некој проблем. Ако нешто сака ransomware тоа се овие копии затоа што во моментот кога ќе се вдоми во вашиот систем една од првите директиви на ransomware-от е да ги пронајде овие shadow копии, да ги избрише, а потоа да ги шифрира содржините од вашиот хард диск. На тој начин, нема да можете да си ги повратите фајловите без да платите (немојте никако да плаќате!).

ShadowGuard е апликација која детектира кога некој malware ќе проба да ги избрише shadow копиите, инстантно ја спречува командата и ги уништува сите наредни кои се издадени од апликацијата. Преку алатката, можете и да ставите програми на белата листа, нешто што е потребно за бекап алатките.

Download ShadowGuard 1.0.1

ShadowGuard е осмислен првенствено да функционира за Windows 10 оперативниот систем, но работи сосема во ред и на постари верзии, како Windows 8, Windows 7, Vista, па дури и Windows XP.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии