Спречете го исклучувањето на компјутерот со PreventTurnOff

Самиот Windows оперативен систем има солидни можност за спречување автоматско исклучување на компјутерот во подолга сесија на мирување. Но, доколку не ви се чепка таму или барате поедноставна, пренослива, но и пофлексибилна алатка, тогаш проверете ги потенцијалите на PreventTurnOff.

Со PreventTurnOff можете да подесите вашиот компјутер или монитор да не се сами исклучуваат или да не го започнуваат процесот на заспивање, односно хибернација. Ова знае да биде корисно во одредени, привремени ситуации кога, пример, преземате нешто и не сакате компјутерот да го прекине процесот додека сте подалеку и не работите на него.

Уште една причина поради која го препорачуваме PreventTurnOff е, всушност, спротивното нешто од неговата примарна цел, а тоа е можноста да подесите на одреден датум и време компјутерот сам да се исклучи или рестартира.

Prevents the PC from going off or shutting down! 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии