Спречете ги несаканите ѕиркања кон вашиот телефон со Privacy Overlay

Колку пати се случило да листате нешто низ телефонот само за да приметите дека некој се прикадува зад вас и ѕирка кон вашиот телефон? Не дека имате нешто да криете, но што работа бараат тие во вашиот екран. Во тој случај, Privacy Overlay е апликација со чуден копцепт и, барем до некаде, функционална примена. Имено, се работи за апликација која целосно го покрива вашиот екран, со исклучот на еден круг или коцка која можете да ја движите наоколу за да продолжите со вашето прелистување.

Cover art

На овој начин, тие што ѕиркаат не можат да ја фатат содржината од целиот екран, но вие без проблем можете да продолжите да си го работите тоа што сте си го почнале. Нема да лажеме, звучи чудно, делумно функционално и фрустрирачко додека да се навикнете со новиот начин на разгледување. Доколку кликнете на црвената точка, можете да ја зголемите големината на кругот, како и да ја намалите или зголемите транспарантноста на надворешноста од кругот.

Privacy Overlay е за Android напојувани направи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии