Справувајте се со ISO фајловите со ISO Workshop

ISO е еден од најдобрите начини за правење бекап на вашите претходно изрежани, или купени CD- a и DVD-а. Во денешно време, ретко кој и понатаму ги користи овие медиуми. Онаму каде што ISO форматот и понатаму е корисен е со оперативните системи. Па така, во случај да преземете некој оперативен систем, шансите се дека ќе биде во ISO форматот.

ISO Workshop е исклучително моќна апликација за сите ваши ISO поврзани потреби. Овој бесплатен програм ви дозволува да направите ISO слика од ваши содржини, но и да прегледувате и извлекувате работи од туѓи слики, како и да конвертирате од еден во друг формат, како од IMG во ISO.

ISO Workshop e програм кој исклучително долго време се нуди на корисниците. Најновата, деветта верзија значително го менува изгледот. Корисниците на претходната верзија, инстантно ќе забележат редизајнирани икони, но и поддршка за виртуелни драјвови.

Иако програмот е крајно корисен, мора да внимавате при негова инсталација затоа што, од петни жили, се труди да ви инсталира дополнителни работи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии