Spotlight on Failure: Како да признаеш дека не си успеал?

(Серијалот текстови за претприемачки неуспеси Spotlight on Failure е проект на Inventures.eu. Интервјуата со успешни претприемачи кои често грешеле, имаат за цел да покажат дека стравот од неуспех, присутен често во Централна и Источна Европа, може лесно да биде едукативно искуство.)

Иако сега ги води основачите и стартапите на патот до успехот, Мајкл Шустер сепак се сеќава за неговите неуспеси со претходните компании како едно од најдобрите искуства во неговиот живот. Во 2006-та година г. Шустер му се приклучи на System One, алатка за семантичко пребарување кое беше основан една година порака како SaaS решение. Колаоративната компанија собра над два милиони евра инвестиција од своите основачи и ангели-инвеститори. Но, тоа што на прв поглед изгледаше како ветувачки проект се претвори во драматичен неуспех од кој основачите изгубија 400.000 евра, г. Шутесер изгуби 200.000 евра од своите пари, и со го наштети здравјето со покачена тежина од 16 кила за која му требаше неколку години да ја изгуби. Сепак, тој е непоколеблив за важноста да станеш откако си паднал претходно, без разлика дали се работи за нешто лично или во професионалната кариера. По неколку години исполнети со предизвици, последниот момент дојде со неуспешно спојување со друга компанија.

Кога сфативте дека нема да успеете? Кога си признавте дека не сте успеале?

Се сеќавам на тој момент јасно: бевме на состанок со мојот тим кога размислувавме што може да се случи и кои опции ни се отворени. Кога целиот тим рече „Ајде да продожиме сами, мислиме дека сме подобри сами“, беше јасно дека спојувањето нема да успее. Инвестиравме толку многу и сепак некои луѓе сметаа дека е подобро да продолжиме сами. Тоа разјасни многу.

Дали е лесно да се зборува за тоа денес?

Да. Бидејќи тоа стана едно од најдобрите ускуства што сум ги имал. Но, не изгледаше така тогаш.

Дали ги слушаше луѓето околу тебе кои ти делеа совети и која беше причината што те натера да мислиш дека не сте успеале?

Да, ги слушав луѓето околу мене, но тешко е бидејќи советите не се баш конкретни, полни се со симплификација и различни луѓе ме советуваа да правам различни работи. Треба да ги одделите советите внимателно. На крај, разбрав дека нема да можеме да ги достигнеме нашите цели, не успеавме да ја подигнеме компанијата.

Кога некој знае дека нема да успее?

Тоа е тешко прашање. Во моето искуство, кога се работи за бизнис и компании, нема „знаење“. Има мало чувство на почеток, и потоа е изненадувачки момент кога ти е очигледно на тебе и на сите други. Реалноста за жал не е секогаш кристално чиста, туку е матна. Твојот KPI индикатори можеби ќе застраната, но ќе бидат тука секоја недела. Твојот прогрес нема да биде брз како што очекуваш, но ќе правиш прогрес. Кога ќе сфатиш дека не си успеал? Иако еден од проблемите на голем број стартапи е што тие не пробуваат доволно долго, не секој стартап доживува успех преку ноќ.

Имаш ли бестрашен претприемачки дух? Провери со овој не-толку-сериозен квиз од Inventures.eu.

Какви искуства си имал ти со неуспехот?

Различни. Не успеав да доставам продукт што на луѓето им требаше, не сакам да спомнал дека овие продукти заостануваа според договореното. Не успеав да ги исполнам ветувањата спрема вработените и колегите бидејќи не беа можни да се исполнат. Но, искуството што ми дозволи да научам најмногу, е кога компанијата што ја водев се обиде да се спои со други, не успеа и замалку ќе пропаднеше.

Гледајќи назад, кога се започна да се распаѓа?

Се започна со внатрешен конфликт кој стана поважен од самиот бизнис. Кога насоката на компанијата стана нејасна, се обидовме да се споиме со друга компанија која беше во слична ситуација.

Што се случи поточно?

Влеговме во таа соработка, потрошивме многу време во организирање, наместо во продажба, цевководот беше празен и последните преговори се развлекоа. Тогаш дојде денот кога требаше да се споиме легално, но другиот партнер се повлече од зделката, не исфрли од канцеларија, ги смени бравите на вратите, ни го изгаси сервисот, и направи се што беше во негова моќ да не исфрли од бизнисот.

Кои беа последиците? На професионално и лично ниво?

Поднесовме барање за Chapter 11 (за банкрот) и имавме три месеци да најдеме инвеститор кој ќе ни помогне да продолжиме. Тоа беа ужасни месеци, но на последниот ден најдовме некој кој можеше да ни помогне да го оддржиме сервисот и да продолжиме на основно ниво. Јас никогаш не изгубив мотивација или сон, но качив килограми. Морав да им кажам на сите наши клиенти дека постои можност да ја затвориме компанијата, и наидов на некои неочекувани и позитивни реакции. Изгубим дел од мојата самодоверба во тоа време. Но, изгубим и многу од лажните очекувања што ги имав предхоно, и тоа беше добро. На крај се отворија различни опции, што не можеа да бидат достапни претходно.

Дали ти се променија дневните обврски?

Драматично. Имав дневна рутина која се претвори во празен календар. Одеднаш властите ме гонеа заради долгови, а должев пари и на други луѓе.

Имаше ли некоја специјална личност што ти се чувствуваше дека си ја разочарал?

Ги имаше многу. Сите луѓе со кои работев, кои покажаа целосна поддршка, дури и во тешките времиња. Сите вработени веруваа во нас до самиот крај.

Дали имаше некој кој ти даде ментална, емоционална и финансиска поддршка?

Мојата жена и пријателите ме поддржуваа, на ментално и емоционално ниво.

Како оваа искуство те промени како бизнисмен, и како те промени како личност?

Можеби сега сум малко попретпазлив. Дефинитивно ми покажа дека треба да држиш будно око на финансиите, постојано. Научив дека никогаш не е доцна да се донесе одлука. Ако нешто изгледаше добро пред една година, секогаш можеш да се вратиш назад и да го промениш. Многу повеќе луѓе ќе те следат, одошто мислиш. Ме смени и на лично ниво. Знам дека можам да се справам со такви ситуации и животот да продолжи.

Кои лекции ги научи од ова искуство?

Мислам дека „учењето од неуспехот“ е преценето. После се, неуспехот доаѓа во многу специјални околности и лекциите се ограничени. Повеќе е растење одошто учењето, што го прави неуспехот интересен. Нашите умови се фокусирани на прогрес, и тоа е во секој од нас. Неуспехот е само дел од патот кон успехот. На крајот на краиштата, не учиш толку многу од паѓањето, туку од станувањето и следниот обид.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии