Spotlight of Failure: Различните лица на неуспехот

(Серијалот текстови за претприемачки неуспеси Spotlight on Failure е проект на Inventures.eu. Интервјуата со успешни претприемачи кои често грешеле, имаат за цел да покажат дека стравот од неуспех, присутен често во Централна и Источна Европа, може лесно да биде корисно и едукативно искуство.)

Хозе Моралес е претприемач, стартап ентузијаст и основач на серијата настани Fear and Fall. Во својот гостински текст, тој зборува за улогата на стравот во креирање на бизнисот и неуспехот како ефект на снежна топка:

Јас го дефинирам неуспехот како страв кој го чувствувам пред да се случи нешто непосакувано. Тој предизвикува вознемиреност, и ако навистина се случи, лошото чувство на неуспех сепак е привремено и евентуално се трансформира; животот продолжува понатаму. Кога ќе паднеме, отпорот е залуден; но важно е да научиме и да избегнеме свое измачување. На крајот на краиштата, поговорката вели „Неуспехот е патот кон успехот“. Но, дали вие го живеете претприемачкиот живот без стравот од неуспех?

Го изучував значењето, ефектите и причините на Стравот и неуспехот кои се поврзани со претприемаштвото уште од 2013-та година. Слушнав многу интересни приказни, и тоа што го разбрав е следново: големите неуспеси се експлозивни резултати на помали и систематски неуспеси. Да провериме некои од нив.

Пропуст да се разбере улогата на стравот

Размислувајте на стравот и вознемиреноста како на алармен систем кој се вклучува кога на нешто му треба внимание. Ако ги игнорирам моите стравови, можеби ќе испуштам нешто важно на мојот радар. Според авторот Сет Годин, вознемиреноста е чувството да го препознаеш неуспехот однапред; или со други зборови да бидеш фокусиран на иднината, притоа игнорирајќи ја сегашноста. Ако ексклузивно се обидувам да контролирам потенцијални резултати од моите активности, тогаш ќе се изгубам во планирањето и ќе заборавам да ја спроведам мојата визија за денес. Вознемирувањето е уште еден алармен систем што не потсетува дека треба да се сетиме и на сегашноста. Дали можете да си легнете навечер со задоволството на секојдневните достигнувања?

Пропуст да се има јасен одговор на „кој си ти?”

Обично се обидувам да го одговорам ова прашање преку моите професионални достигнувања, но секогаш се чувствувам непријатно бидејќи тоа што јас сум го направил секогаш може да изгледа како џуџе споредено или судено од други. Искрено, не е лесно да дефинирам 2.0 верзија на себе си, но помага да знам дека јас сум тоа што сакам да го правам, не само тоа што сум го направил во минатото. Освежувачки е да знаеш дека промената на тоа што сакам да го правам е дозволивма. Дали сте вие вашата професија?

Пропуст да се согласиш за значењето на важни зборови

Обично зборувам за претприемаштвото, и неодамна, како основач на простор за соработка, открив дека несогласувањето помеѓу претприемачите е толку големо што може да ми го уништи бизнисот. Се обидувам да ги идентификувам важните зборови на состаноците или разговорите и тогаш да ги прашам сите дали ги разбираме тие зборови на ист начин. Ако се обидете со тоа, бидите подготвени на изненадувања и зголемена активност. Дали вашиот тим е синхронизиран за основните концепти кои вашиот бизнис ги користи за да комуницира?

Пропуст да се праша

Многу често кажувам работи наместо да поставувам прашања, можеби поради стравот да покажам ранливост. Неодамна, научив дека ако прашаш добро прашање покажуваш поголема самодоверба отколку да кажуваш работи „демек знам” дека се во точни. Самодовербата продава. Дали преферираш да бидеш тивок кога не ја разбираш идејата целосно?

Пропуст да се промениш

Промената е толку опасна што може да ме убеди себеси дека нискиот приход е подобор од можноста да бидам одбиен од потенцијални големи клиенти. Промената е неизбежна – или ќе ја возам јас или таа ќе ме вози, и двете се валидни опции. Дали си ти свесен доволно да ги водиш промените, или ќе ги оставиш да те водат?

Пропуст да се прославува

Еден мој добар пријател се наградува себеси со обична чоколада секој пак кога ќе положи на испит. Како што го разбирам јас, прославувањето е кумулативно и со него се добива чувство на достигнување, посветеност и интеграција. За мене прославувањето е дел од процесот да креираш организирана култура. Дали ти славиш кога ќе достигнеш некоја голема цел?

Пропуст да се каже не

Често велам „да“ дури и кога сакам да кажам „не“. Се обидувам да мислам на тоа како на придонес, како инвестиција, но денес сум убеден дека таа тактика не функционира за позитивен ROI (враќање на инвестицијата). Убаво е да бидеш фин, но уште подобро е да не бидеш глупав. Дали се плашиш од одбивањето, не пропаѓањето и од стравот дека не си доволно добар за да те вклучат во друштвото?

Пропуст да ја разбереш улогата на другите

Пораснав слушајќи дека сите ние сме исти. Денес, знам дека тоа што го слушнав значеше: „сите ние ги делиме истите права“. Некои од моите поголеми бизнис неуспеси се поврзани со водење на тимот како тие да ги разбираат и знаат работите што јас ги знам, игнорирајќи многу од нивниот индивидуален потенцијал и предизвици. Научив дека улогата на другите е да ги пофалиш, инспирират и да се поддржат меѓу себе. Дали се нервираш кога некој не реагира како што ти би реагирал?

Пропуст да се разбере улогата на парите

Според мене, без разлика на компанијата, бизнис моделите и организациската структура, пропустот да се одреди улогата на парите е голема грешка. Дефинирањето на таа улога помага да се избегнат екстремите. Ги гледам парите како нафта за мојот автомобил, во кој моторот е бизнисот, а екзекуцијата се парите. Дали се чувствуваш дека твојот бизнис не може веќе да расне?

Пропуст да се разбере дека ти не си бизнисот

Секогаш мислев за моите бизниси, посебно за тие успешните, како на моја екстензија. Јас ги користев тие примери како референца за моето лично богатство. И тоа беше голема грешка! Ако нешто застрани, тогаш јас се чувствував како неуспешен. Денес ги дизајнирав моите бизниси, имајќи ги на ум како посебни ентитети што не работат да ми го исполнат егото, туку да произведат резултати кои сакам да ги достигнам. Се чувствувам слободно и мојот тим се чувствува повластено. Размислувај на својот бизнис како на машина која си помогнал да ја направиш. Дали земаш при срце кога нешто лошо ќе се случи со бизнисот?

Ова е прв пат да направам листа на пропусти. Ќе ја испринтам за да ги запомнам сите овие мали грешки што можат да предизвикаат еден голем неуспех.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии