Spotify ја намалува пиратеријата, но и продажбата на музика

Музичката индустрија конечно доби добри вести во борбата против пиратеријата. Добрата вест е дека на пазарите каде Spotify работи пиратеријата на музика е значително помала од оние на кои не постои сервисот. Но, има и лоша вест – продажбата на дигитална музика во овие пазари е помала од пазарите каде сервисот не е присутен, иако оваа загуба се надокнадува со лиценцирањето на песните, вели Ars Technica. Презентираните резултати се дел од анализата која ја нарача Европската Комисија.

„Со можноста за стрим на милиони песни поддржани од повремени реклами или без реклами за претплатниците, Spotify е сериозен конкурент на пиратирањето,“ констатира TorrentFreak. Во бројки секој: 147-ми стрим го намалува за еден бројот на пиратирани песни, така за секоја 137 стримана песна се намалува продажбата за една купена песна. Заработката од една продадена песна во просек е 0,82 долари, а заработката од стрим е 0,007 долари. Интересно е тоа што придобивката од намаленото пиратирање и загубите од намалувањето на продажбата се речиси идентични, па освен намалување на пиратирањето, музичката индустрија нема никаква придобивка (но ни загуба) од намалувањето на пиратирањето.

Последната анализа е само уште еден доказ дека доколку на корисниците им се понуди бесплата алтернатива, бројот на кршители на авторските права ќе се намали, но ова е нешто што најверојатно и порано беше познато.

1 коментар на “Spotify ја намалува пиратеријата, но и продажбата на музика

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии