Spotify ја модернизира индустријата, но музичарите не се задоволни од исплатата

Неодамна Spotify, кој сè уште не е достапен во Македонија, но е најпопуларниот сервис за стримање музика во светот, објави Year in Music листа која им овозможува на корисниците да разгледаат што слушале во текот на целата година. Тоа што е интересно кај оваа листа, забележува Verge, е што може да ви помогне да видите колку пари сте им платиле на авторите, и колку всушност тие заработуваат од Spotify.

Иако месечната претплата од 10 долари не е занемарлива, пред сѐ за македонски услови, Spotify и сличните сервиси се значително поевтинi од купување на еден албум од еден артист. Spotify ви нуди милиони песни кои може да ги слушате во било кое време. Но, сервисот иако е добар за корисниците, се чини им прави проблем на артистите и музичарите бидејќи новиот бизнис модел не ги наградува доволно. Можеби независните и новите музичари имаат подеднаква шанса да бидат откриени преку Spotify, но популарните артисти eдноставно прават повеќе пари ако ви го продадат албумот. Затоа Aдел отвори војна со сервисот за да ги ограничи бесплатните песни.

Причината за ова несогласување е што исплатата за стрим на песна е помеѓу 0,006 и 0,0084 долари и тоа за корисниците кои плаќаат претплата. Уплатата од корисниците кои го користат сервисот бесплатно со реклами, е уште помала. „Артистот кој најмногу го слушав е Built to Spill и за цела година ислушав 267 нивни стримови. За ова на сите што се вклучени во изработка на песната им исплатив 2,24 долари, за цела година музика… Оваа година слушав 13.000 минути на Spotify, што значи дека сум платил 0,1 цент за минута“, вели Лизи Плаугик од Verge.

Сепак, Spotify и другите стриминг сервиси имаат предност бидејќи успеваат да ја намалат пиратеријата, што покажува неодамнешната статистика дека загубата од намалени цени на песните и пиратирањето на албуми се порамнува. Индустријата не е во загуба, но најверојатно она што импресионира е деталноста и точноста кога е во прашање распоредувањето на секој цент. Spotify ги исплаќа сите што ја креирале песната – од авторот на музиката и текстот, до продуценти и музичари, и ги исплаќа во зависност од колку песната е слушана.

Сличен сервис постои и за радио станиците во форма на алгоритми кои ги препознаваат песните и исплатата оди точно и прецизно. Кога Македониjа е во прашање, имплементацијата на овакви сервиси е проблем. Системот за препознавање и броење на песните е изработен од Grid-system, но неговата имплементација е бавна, иако софтверот е веќе инсталиран низ медиумите. Затоа во моментов исплатата е врз база на плејлисти кои ги изработуваат радијата и го доставуваат до соодветните органи. Предноста на сервисите за стримање музика како Spotify е што корисниците точно знаат за што плаќаат, дали средствата одат кај музичар кој им се допаѓа. Радиостаниците можат да пуштаат плејлисти, но во екстремен случај можеби треба да бидат исплатени и музичари кои никој не ги слуша или имаат мал број на слушатели.

1 коментар на “Spotify ја модернизира индустријата, но музичарите не се задоволни од исплатата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии