Spotify, Impossible и хрватскиот BellaBeat меѓу победничките стартапи на The Europas Awards 2015

Spotify, Citymapper, Impossible.com и хрватскиот BellaBeat се прогласени за најдобрите стартапи на Europas Awards 2015 во Лондон. Стартапите добија повеќе награди во различни категории, но се чини дека најголем победник е европската стартап сцена која може да се пофали со ИТ компании што можат да им конкурираат на тие од Силициумската Долина.

Spotify ја освои наградата за најдобар стартап од забавната индустрија. Иако е една од најстарите стартапи, и еден од најпопуларните музички сервиси во светот, сепак Spotify без сомневање ќе мора да продолжи да со развојот со оглед на тоа дека се повеќе нови стартапи, но и моќници како Apple, влегуваат на неговиот пазар.

Citymapper е најуспешниот стартап, барем според бројот на награди на Europas Awards. Стартапот кој прикажува транспорт во реално време ги освоија наградите во категориите: Патување, Најдобра мобилна апликација, но и „Grand prix“ наградата. Сервисот на своите корисници им овозможува планирање на патувањeтo низ најголемите градови од целиот свет.

Impossible.com е прогласен за најдобар европски стартап. Се работи за стартап кој помага на светот да стане подобро место, односно помага на луѓето да се поврзат и да си помогнат едни на други. Помагачите заработуваат благодарници кои можат да ги користат за купување на продукти и други услуги.

Hassle.com ја освои наградата за најдобра компанија за нудење на услуги. Hassle во повеќе градови во Велика Британија нуди чистење на домови и канцеларии преку оутсорсинг, а се што е потребно е да го повикате локалните чистачи кој ќе ве заменат во расчистувањето.

Подолу е листата на сите добитниците според категории. Меѓу нив е и хрватскито BellaBeat, единствениот балкански стартап кој успеа да добие награда на овогодинешниве Europas. Стартапот продава паметен медицински накит кој е всушност сензор што следи ниво на стрес, квалитет на спиење и менструален циклус.

  • Најзабавен стартап: Spotify
  • Најдобар стартап за е-трговија: Deliveroo
  • Наједукативен стартап: Brainly
  • Најдобар акселератор за стартапи: TechStars
  • Најдобра маркетинг агенција: Brandwatch
  • Најдобар гејминг стартап: Space Ape Games
  • Најдобар мобилен стартап: Citymapper
  • Најдобар финансиски стартап: Adyen
  • Најдобар бизнис стартап: Pipedrive
  • Најдобар хардверски стартап: Kano
  • Најдобар стартап за економија: Hassle.com
  • Најдобар медицински стартап: Bellabeat
  • Најдобар стартап за безбедност: Digital Shadows
  • Најдобар стартап за крипто-валути: Blockchain
  • Најдобар стартап за патување: Citymapper
  • Најдобар стартап за Интернет на нештата: Sigfox
  • Најкул технологија: SwiftKey
  • Најдобар моден стартап: Lyst
  • Најдобар ангел инвеститор: Point Nine Capital
  • Најдобар европски стартап: Impossible.com
  • Најдобар инвеститор: Accel
  • Најдобри стартап основачи: Tевет Хунрикус и Кристо Карман од Transferwise
  • Најбрзо растечки стартап: Wallapop
  • Најдобра технологија: Changing Children’s Lives For Good Award SimPrints Technologies
  • Хала на славните награда за долгогодишни и влијателни играчи во европската ИТ сцена: Џон Брадфорд, Решма Сохони и Фред Дистин
  • Grand Prix: Citymapper

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии