Спортот може да запре, но обложувањето никако

Дејан Соколоски

во Вести

Пандемијата на коронавирус го запре целиот спорт. Формула 1, НБА лигата, фудбалските лиги се прекинати, а откажани се и Олимписките игри. Единствен спорт кој редовно се одржува е е-спортот, а недостигот на спортски настани ја зголеми популарноста на спортските симулатори. Од FIFA до Formula 1, но и помалку популарни спортови како акробатско летање се префрлени во виртуелниот свет.

Иако спортот застана, кладилниците во најголем дел си продолжија. Веројатно ова и не треба да не изненади со оглед на тоа дека во добар дел може да се обложите на најчудните работи. На пример: во случај на нуклеарна војна кои мети ќе бидат погодени први. Повеќе бизарни облози тука.

Дел од зависниците обложувачи веројатно побараа „утеха“ во почудните кладби, но обложувачите започнаа да се кладат на дигиталните кошарка, фудбал или американски фудбал. Обложувањето сепак е намалено, но не и во е-спорот во овој сегмент има огромен раст, а половината од облозите во Европа се на е-спорт натпревари. Секако и обложувалниците „излегоа во пресрет“ и додадоа куп настани на своето мени.

„Е-спортот сега е крал, од март е-спортот е број 1 категорија глобално, и најголем дел од обложувањето ја нас“, вели Марко Блум од Pinnacle за New York Times.

Пандемијата е главен „мотор“ на оваа промена и се очекува оваа година обложувањето на е-спорт да биде два пати поголемо од лани. Приходите оваа година би можеле да достигнат 14 милијарди долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии