Споредувајте текст со Compare Text

Compare Text е исклучително корисна алатка за одредена група луѓе која постојано се справуваат со најразлични документи и имаат потреба од детектирање разлики помеѓу два, навидум идентични документи. Имено, доколку имате две верзии на еден ист документ, со Compare Text можете да ги откриете сите разлики помеѓу нив. Процесот е автоматизиран и брз. Благодарение на тоа,  целосно се елиминира здодевната потреба од лично копање низ документите, нешто што знае да биде особено проблематично доколку се работи за долги документи.

Compare Text алатката работи со TXT и RTF документи. Лесно и брзо можете да ја започнете компарацијата . По завршување на процесот, сите разлики ќе бидат видно истакнати.

За пофалба е можноста за автоматско средување на документот. Па така, пред да започне процесот со споредување, можете да автоматски да отстраните непотребни линии низ текстот, да ги подредите параграфите, да го промените фонтот, како и неговата големина, и многу повеќе.

Апликацијата можете да ја преземете од продавницата на Windows.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии