Според најновото истражување, играње FPS игри би можеле да го оштетaт вашиот мозок

Не е никаква тајна дека сме огромни љубители на FPS игрите. Пукачките игри во прво лице се способни за кратко време да сервираат инстантно задоволство и да ги наградат вашите сетила со експлозивен коктел од адреналински моменти. Според најновото истражување во полето на молекуларната психијатрија, таквото нешто се чини дека воопшто не е добро, особено во бројни и подолги наврати.

Од четиригодишното истражување, кое следело групи од учесници, со возраст од 18 до 30 години, научниците се здобиле со впечаток дека играњето акциони игри во прво лице е поврзано со губењето сива материја од меморискиот центар на вашиот мозок. Имено, оние кои играле FPS игри повеќе од шест часа неделно покажале намалување на сивата материја во хипокампусот, делот од мозокот кој игра огромна улога за претворањето на краткотрајните мемории во долготрајни мемории, но и за просторната меморија, односно навигација и просторна ориентација.

Ваквото истражување е предводено од Д-р. Грегори Вест, вонреден професор по психологија на Универзитетот на Монтреал и Вероник Бохбот, вонреден професор на Универзитетот Мекгил. Според нив „хипокампусот е од клучно значење на здраво функционирање и сознавање, но резултатите од моментната студија покажуваат дека играчите на акциони видео игри имаат намалена сива материја во хипокампусот.“ Според нивните рандомизирани надолжни експерименти (што и да значи тоа), губењето сива материја во хипокампусот била директно врзана со не имплементирање „стратегии за просторна меморија“. Па така, 85% од гејмерите што играле FPS игри повеќе од 90 часа се истакнале со „статистички забележително“ опаѓање во материјата на хипокампусот. За увид во целиот извештај од истражувањето потребно е да се претплатите на Molecular Psychiatry, но таквото нешто чини неверојатни 707 долари.

Од друга страна, кај оние кои играле 3D платформски игри, по одредено време се забележал раст во хипокампусот, односно во енториналниот кортекс. Дури и за уживателите во FPS игри, веста не е толку црна затоа што во извештајот се зборува само за можни врски и не се исклучуваат некои други надворешни фактори. Дури и самиот доктор Вест изјавува дека е потребно уште многу надгледување и истражувања за да се дефинитивно утврди можната врска и не значи дека таквите играчи се во опасност. Што се однесува до професорот Андру Прзибилски, од Универзитетот Оксфорд, целата студија е на стаклени нозе и врските кои го поврзуваат едното со другото не се доволно силни за да гарантираат таков резултат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии