Според европските закони, Time.mk и Bukvar.mk може да линкаат до авторската содржина на весниците

Линкањето до содржина отсекогаш било едно од основните начела на Интернетот. Но, ова често се заборава во дебатата помеѓу медиумите и агрегаторите кои им линкаат до содржината. Во Македонија караницата се водеше околу тоа колку вреди публиката која се редиректира од агрегаторите до медумите; за првите тоа беше сосема легална технологија да заработуваат пари од неа; за другите, пак, агрегаторите прекршуваа авторски права и им ја крадеа публиката.

Сега Европскиот суд за правда стави крај на дебатата. Како заклучок на случај поднесен пред судот, во кој шведски новинари тужеше агрегатор заради линкањето, се вели дека „сопственик на веб сајт може, без авторизација од сопственикот на авторските права, да редиректира интернет корисници, преку хиперлинкови, до заштитените дела достапни бесплатно на друг сајт“.

На кратко, одлуката значи дека агрегаторите и сите други сајтови можат да линкаат слободно до други авторски дела. Иако според европските закони авторите мора да дадат ексклузивно право да се комуницира нивното дело до јавноста. Но, во случајот со агрегаторите и медиумите, се работи за содржина која е веќе јавно достапна. Судот вели дека се прекршува правото само ако се комуницира делото до „нова јавна публика“ која не била земена во обзир од креаторот на делото кога прв пат дозволил објавување. Во случај на медиумите, тие јавно ги објавуваат своите содржини. Но, проблем со авторски права ќе има доколку сајтовите редиректираат публика до содржина која е заштитена на друг сајт со логирање, платежен ѕид или друг механизам.

Но, ова е Македонија…

Сепак, оваа одлука на Европскиот суд на правда, опишана како „одлука да не се скрши Интернетот“, е само поддршка за македонските агрегатори. Во случај да сте заборавиле, Македонија веќе со години е само членка-кандидат за ЕУ, па нивните правила не важат и во земјата, што ги остава агрегаторите и медиумите да си ги решаваат споровите со барање на дозволи да прикажуваат линкови, односно со одбирање да не се дел од агрегирањето. И во Европа авторите имаат легитимно право да побараат да не им се погрешно поврзува делото со одредени ентитети, односно да го блокираат користењето на рамки.

Сепак, како напомена за македонските медиуми, и од досегашно искуство на IT.com.mk со нив, не треба да се греши дека копирање на целата содржина и линкање на крај на текстот е оправдано бидејќи сте го навеле изворот. Авторско дело е една работа, додека редиректирање преку линк е нешто сосема друго. Барем во Европа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии