Според ClickAttack, Македонците најмногу го сакаат iOS, а Хрватите и Босанците се запалени по Android, но…

Според истражувањето на мобилната огласувачка мрежа ClickAttack, македонските корисници најмногу користат мобилен интернет преку платформата на Apple, скоро два пати повеќе од Android, додека Хрватите и Босанците најмногу ја користат платформата на Google. Гледајќи по друштвените мрежи каде се води битката кој е подобар ОС – Android или iOS, и знаејќи го стандардот во земјата, никогаш не би помислиле дека повеќето корисници имаат iPhone. И можеби сме во право.

StatCounter вели дека oколу 60 отсто од Македонците користат Android, додека околу 20 отсто се на iOS. Ова е приближната слика што и ние би ја претпоставиле. Но, тајната на извештајот на ClickAttack се крие во тоа што податоците се собирени од корисници на ClickAttack мрежата. ClickAttack е автор и на неколку мобилни апликации на македонски медиуми, пример Kурир за iOS, па можеби се земени само мал број податоци.

„И покрај тоа што извештајот не е комплетно транспарентен во поглед на методологијата како е дојдено до податоците, сепак има дел од статистиките кои се квалитетен индикатор за навиките на локалните корисници на паметни телефони.“, вели Дарко Булдиоски од New Media MK.

Taка, извештајот вели дека Македонците најчесто ги користат своите телефони во 23:00 часот, кога интересно Хрватите ги оставаат своите телефони. Тие се заситуваат околу 21 часот од своите уреди, додека во Босна најмногу се користат уредите околу 19 часот. Дополнително Македонските корисници уживаат да користат мобилни телефони во недела, а најмалку во вторник.

3 коментари на “Според ClickAttack, Македонците најмногу го сакаат iOS, а Хрватите и Босанците се запалени по Android, но…

  1. Работам во еден од мобилните оператори и истражувањето е скроз погрешно. Статистиката е обратна, мислам дека последен пат кога гледав беше 90% корисници на Андроид.

  2. Ова е само од посетителите на ClickAttack. Ако од епл објават ваква анкета за нивната страна ќе излезе дека 98% од светот користи ајфон.

  3. мора да станува за некоја грешка, 3 од 20 луѓе шо ги познавам користа iOS останатите Andorid. Или пак јас се живеам во сирмашна средина :P

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии