Прво кога ќе го отворите прелистувачот и откако ќе се логирате т.е отворите корисничко има за Opera, првиот екран кој ќе го добиете е изборот на апликации кои можете да ги инсталирате на својот Opera прелистувач. (налик на додатоците за Firefox)

Првин одбирате апликација за која содржина сакате да споделите, ‘Photo Sharing’ зa слики, ‘Media Player’ за музика… Го одбирате фолдерот со содржината која сакате да ја споделите со пријателите. Еве како изгледа целиот прелистувач кога споделувате содржина. Лево ги имате опциите за споделување и брзо отварање на други менија. А подолу се фолдерите кои се наоѓаат во локацијата која сум ја избрал за споделување.

Opera Unitе ви дава линк со вашето корисничко име кој води до содржината. Тој линк можете да го направите јавен или да му ставите лозинка која ќе ја дадете на пријателите и тој ќе има простап до содржината. Кога ќе го споделите линкот, другиот корисник ќе има пристап до сите фолдери кои се наоѓаат на локацијата која е одбележана. Секако дека може да се одбере и само еден фајл т.е локација со само еден фајл.

Eве како изгледа кога ќе го отворите линкот до важата содржина преку Mozilla Firefox, на друг компјутер. Како што може да се види одбрав содржината да биде заштитена со лозинка бидејќи не сакам да ја споделам со сите.

Да пробаме да споделиме музика. Исто и како со сликите одбирате соодветна апликација за споделување музика, потоа ја одбирате локацијата кај се наоѓа музиката и останува само да го пратите линкот и лозинката до вашите пријатели и тиа имаат пристап до вашата музика.

Тоа што е интересно со Opera е што линкот до вашата содржина можете лесно да го споделите на Facebook, Twitter, Delicious…

Eдинствено што може да се и се забележи на Opera Unite е што мора прелистувачот да ви е постојано вклучен доколку сакате да споделите фајлови. Доколку го исклучите, другиот корисник ја добива следнава порака.

Бонус: Разгледувајќи ги апликациите наидов на Lounge. Интересна апликација со која ги поканувате пријателите на чет на прелистувачот. Исто како и со споделување содржина, го споделувате линкот и лозинката и вашиот пријател(и) влегуваат во чат собата. Слично како инстант месенџерите, само што не мора секој да има посебен софтвер за да разговарате со него.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии