Скопје ја одбележа светската недела на мобилноста. Дел од настанот е и едукативниот час во организација на Електромобилност Македонија. „Електричен полигон“ се одржи по четврти пат во организација на Секторот за заштита на животната средина и природата при град Скопје.
Овој пат бројот на презентирани возила беше нешто поголем. ЈП Градски паркинг и град Скопје ги презентираа своите возила. Нив им се приклучија и: Mitsubishi Motors Македонија со Mitsubishi iMiEV; Анима, со конвертирано возило од мотор со внатрешно согорување во електричен мотор; Фибернет МК кој се претстави со полнач за електромобили. Можеби најинтересно возило беше картингот развиен од студентите на ФЕИТ. Под менторство на проф. д-р Снежана Чундева и проф.р-д Гога Цветковски студентите го изработија презентираниот картинг.
Специјални гости на овој настан беа учениците од средните училишта Никола Карев и Орце Николов и учениците од Вера Циривири Трена од Скопје.