Споделувајте веб сајтови преку QR кодови

Мартин Јованчевски

во Веб

Прелистувачот на Microsoft – Edge сега ви дозволува да споделувате интересни веб сајтови со заинтересираните лица преку QR код, наместо преку традиционалното копирање линкови.

За да ја активирате можноста напишете во прелистувачот edge://flags, па потоа во енџинот на пребарување напишете enable sharing page via QR code. Подолу, кликнете на паѓачкото мени и изберете Enabled, па кликнете на Restart за да одново се покрене прелистувачот. Разбираме дека можеби не би сакале да се малтретирате со ова, кај Google Chrome прелистувачот ситуацијата е значително поедноставна и немате потреба од чекори при активирање, едноставно кликнете на линкот, па потоа на соодветната икона која се наоѓа десно од линкот.

Враќајќи се кон Edge, кога ќе сакате да споделите некој сајт, десен клик на истиот и изберете Create QR code for this page за да кодот се појави на горната десна страна. Вака создадениот код можете да го преземете на вашиот компјутер па да ја споделите сликата или пак да го сликнете со соодветна апликација за читање од вашиот телефон, па од таму да го споделите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии