Споделувајте ги спомените со нова македонска WP апликaција Memorate

Memorate e нова апликација за Windows Phone 8 со која се споделуваат спомени и асоцијации, креирана од стартапот H-Sense, составен е од интернационален тим од двајца македонски ко-основачи Александар Митревски и Јасна Тренгоска и еден ко-основач од Гана, Вилијам Асиама. Сите се студенти на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле oд Охрид, каде се запознаваат и стартуваат тим за да учествуваат на неколку хакатони и натпревари. Соработката им носи неколку признанија и награди, вклучувајќи и награда за најдобар дизајн и UI за Memorate на натпревар за Windows Phone 8 апликации.

Memorate е всушност друштвена алатка чија намена, објаснува тимот, е преку дадени конструкции на почетни реченици, видео или фотографија, и конструкција на завршната реченица да се создаде единствена „мултимедијална реченица“, или на кратко „мем“ кој ќе пренесе значење. Апликацијта е поврзана со Facebook за да овозможи полесно споделување, а функционира и како Facebook апликација за да може да се добиваат нотификации за „мемовите“. На Twitter тие содржини се споделуваат преку хаш-тагот #memorate.

Покрај iOS и Android верзиите, H-Sense вели дека ќе продолжат со работата на апликацијата за да ја одведат на едно повисоко ниво. Вилијам, која доаѓа од Гана како стипендист на универзитот, вели дека македонската ИТ сцена е одлична бидејќи иницијативата за нејзино подобрување доаѓа од младите. „Сепак, може да се подобри за да може се повеќе луѓе да се приближат до технологијата и да ја користат без да имаат страв од неа“, вели тој. Јасна и Александар велат дека е привилегија да се има ваков уникатен интернационален тим бидејќи има различни перспективи и секој може да научи еден од други.

„Доколку навистина се посветувате на она што го работите и давате дел од себе кон реализација на нештото, вашите соработници можат да го видат и почувствуваат тоа. Тие позитивни вибрации се она што на било кој проект ќе му даде душа. Ние не изведуваме решенија само според дадена техничка спецификација, праволиниски, туку сакаме секое од тие решенија да стане дел од нас и да понесе дел од нас со себе.“, вели Јасна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии