Споделувајте фајлови со новиот Send сервис на Mozilla

Споделувањето на поголеми фајлови не секогаш е едноставно. Mozilla има намера ова да го промени со нов и супер едноставен сервис – Send.

Откако ќе отидете на страната, сѐ што треба е да гo прикачите фаjлот кој сакате да го споделите. Потоа Send креира линк кој треба да им го испратите на корисниците кои треба да го преземат фајлот. Големината на фајлот кој може да го споделите е до 1 GB, а слично како и на Snapchat линкот и фајлот постојат само 24 часа, по што се бришат. Доколку корисникот е сигурен дека нема да му биде повеќе потребен, линкот и фајлот може и порано да ги избрише.

Секако, ова не е единствениот начин за споделување на фајлови. Постојат, а и најверојатно веќе користите куп сервиси за споделување на фајлови. Иако Send не е единствениот, најверојатно е еден од наједноставните. Со оглед на тоа дека станува збор за веб-апликaција може да се користи од било кој уред.

Засега Send е експеримент, вели Verge, но секако ако поголем број на корисници го користат сервисот, Mozilla ќе реши да го задржи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии