Сплитскиот Spotie е победник на белградскиoт Startup Standup

Локацискиот сервис Spotie е прогласен како најдобар меѓу петте регионални стартапи кои се претставија на белградскиот Startup Standap. Покрај хрватскитe Spotie и Kliks, на настанот се претставија Joszaki oд Унгарија, Slidemotion од Словенија и Newscurve од Србија.

Spotie е мобилен локациски сервис кој овозможува не само да се најдат најинтересните настани во градот, туку и да се најдат и комуницира со пријателите кои присуствуваат на настаните. Сервисот е моментално во затворена бета.

[youtube]nRcwR5_Q-D0[/youtube]

Унгарскиот Joszaki.hu е сервис преку кој може да се најде мајстор за разни поправки по домот. До сега сервисот има дата база од 8.000 мајстори кои поминуваат над 1.000 посети дневно. Имаат соберено и 200.000 евра инвестиција за развој од европски фондови.

Kliks од Хрватска е сервис за е-трговија, односно електронски трговски центар кој им обезбедува на локалните продавачи да си постават своја онлајн продавница со можност да наплатуваат со кредитна картичка, можност за групни купувања и достава. Налик е на македонскиот TC.mk.

Српскиот Newscurve e алатка за веб анализа што им помага на онлајн издавачите да ги следат статистиките во реално време. Стартапот е наменет за следење на ефективноста на вестите од медиумите.

NewsCurve – content effectiveness insight for publishers from Boris Krstovic on Vimeo.

Словенскиот Slidemotion e сервис кој претвара слики, музика и видео клипови во кратко филмче. Сервисот обезбедува лесен едитор за користење и доделува кредити како мотивација на корисниците да споделуваат со пријателите.

Slidemotion How it works video from Slidemotion on Vimeo.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии