SpeakOut е апликација за поддршка на жртвите на насилство, изработена од средношколци од Скопје

SpeakOut е апликација креирана како дел од предизвикот „Generation Unlimited“ од 6 средношколци. Александра, Амра, Данче, Дарио, Матеј и Мила се дел од тимот АндроМета, а со оваа апликација сакаат да му кажат НЕ на насилството врз нивните врсници.

Физичкото насилство и онлајн малтретирањето се сериозен проблем. Во своето истражување тимот на АндроМета откри дека од 41,6% од средношколците се жртви на насилство, а 32,1% од жртвите не му се довериле никому. Во анкетата на АндроМета учествувале 260 испитаници.

SpeakOut всушност е платформа на која корисниците може анонимно да ги споделат своите искуство со заедницата. Секој може да сподели свое лично искуство, да даде поддршка на некој или да се согласи со некое мислење. Младите креатори најавуваат дека наскоро ќе биде достапна и опција за разговор со психолог. Сите кои имаат проблем ќе можат со психологот да разговараат на различни теми.

Апликацијата е дел од „Generation Unlimited“ работилницата во организација на SmartUp – Social Innovation Lab. Работилницата траеше три дена и по овој период тимот АндроМета беше одбран во првите 5. Ментор на тимот е Горазд Смилевски кој заедно со средношколците 3 месеци работеше на развој на апликацијата.

„Апликацијата е бесплатна, а на неа во моментов волонтираат мал број на луѓе кои се искусни во пружање првична помош на жртви на насилство. Планираме овој број да се зголемува, а доколку обезбедиме средства и да понудиме вработување на експерти кои би биле постојано активни на апликацијата. Ќе се потрудиме да понудиме психолошка помош, правни советувања, советувања од областа на социјалната работа и слично.

Покрај чатот за приватен разговор со нашите волонтери, корисниците можат да објавуваат мислења и прашања во различни категории како што се: Генерално; Во училиште; Врски; Во домот; Пријателството и друго. Се со цел да се отвори искрена дискусија. Во иднина ќе овозможиме и тие самите да можат да креираат категории. Во моментов околу 300 корисници ја имаат преземено апликацијата и веќе имаме една мала заедница која секојдневно споделува искуства и меѓусебно се бодри. Очекуваме овој број на корисници да расте во иднина и нашата заедница да се проширува. Апликацијата може да се симне од speakapp.mk и во моментов е достапна само Android телефони (им се извинуваме на сите со IPhone). Да му кажеме заедно НЕ на насилството!“, велат креаторите на апликацијата.

 

1 коментар на “SpeakOut е апликација за поддршка на жртвите на насилство, изработена од средношколци од Скопје

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии