Спас за весниците

IT.mk редакција

во Хардвер

{mosimage}Hearts еден од големите медиумски конгломерати во светот објави дека направиле е-читач за весници, сличен на Kindle, е-читачот за книги на Amazon. E-читачот на Hearts кои се сопственици на 16 дневни весници и 49 неделни магазини, вклучувајчи го и O magazine на Опра Винфри, Cosmopolitan, Esquire, San Francisco Chronicle…е решението на медиумскиот конгломерат да се справи со бесплатната онлајн содржина и да почне да наплаќа за своите текстови.

Hearts објавија и „План од 100 дена“ за да се справат со дигиталната стратегија и да најдат начини како да профитираат т.е да опстојуваат онлајн, проблем со кој се справуваат огромен број на медиуми. Hearts во својот план за „револуција на весниците“ предвидува и да ја одели содржината на бесплатна, на која ќе работат „проминентни граѓани во нашите заедници“ што може да ги вклучи и блогерите, и во платена содржина.

Едно решение е безжичен е-читач со голем екран, исполнет со содржина од весници, меѓу кои и реклами многу налик на Kindle, безжичниот е-читач на Amazon на кој може да се купуваат и читаат книги. Има уште една добра страна на ваков е-читач – ќе се намалат трошоците за мастило, хартија, машини… се што е потребно да се испечати еден весник. Но за Hearts значи и дека можат истиот е-читач да го продадат на другите медиуми и да добиваат процент од содржината објавена на него.

"Не можам да ви ги кажам деталите на тоа што го правиме, но можат да кажам дека сме многу заинтересирани во ова, и очекуваме оваа направа да игра голема улога во иднината“ изјави Кенет Брофи од Hearts за Fortune Magazinе, кој најави дека е-читачот може да се појави годинава.

{mosimage}



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии