Spark претстави паметен термостат кој може да го направите за помалку од 100 долари

Тим од четири инжинери од Spark работи на паметен термостат кој ќе му биде
конкуренција на Nest. Засега термостатот е во почетна фаза а веќе има сензори за влажност и температура, IR детектор за движење, едноставен дисплеј и Spark Core. Токму Spark Core е центарот на уредот, a претставува Wi-Fi плочка за развивање која е компатибилна со Arduino.

Слично како и термостатот на Nest и овој термостат овозможува разгледување на претходните темератури преку веб апликација, а истата може да се искористи и за нагодување на температурата. Сепак за разлика од Nest, кои се сега во сопственост на Google, овој термостат е слободен, односно open source, и овозможува на сите заинтересирани да го направат, но уште поважно и да го надградат. Засега Spark е далеку од вистинска конкуренција на Nest, но можна е помош од сите корисници, кои можеби ќе допринесат двата уреди да бидат послични со квалитет во иднина.

Цената на Spark термостатот е околу 70 долари, а се што е потребно може да го пронајдете на Github.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии