Спамирајте ги пријателите и грабнете 16 GB бесплатен простор на Dropbox

IT.mk редакција

во Совети

Dropbox, еден од покул сервисите за складирање фајлови во облакот, само што најави дека ќе им дозволи на своите корисници да добијат 16 GB бесплатен простор, но само доколку ги повикаат пријателите.

Dropbox ќе ви даде 500 MB (зголемено од 250 MB) за секој ваш пријател кој ќе се регистрира на сервисот на ваша покана. Лимитот е поставен на 16 GB за бесплатните корисници. Тие што плаќаат за секој пријател добиваат додатни 1 GB простор, до максимум 32 GB.

Според Dropbox, кој очигледно сака да си го зголеми бројот на корисници, за да ги соберте бесплатните мегабајти треба да:

  • Ги импротирате имејл контактите „во случај да не изоставите некого“;
  • Да постирате на Facebook и Twitter за да ги поканите пријателите;
  • Да го сподлите уникатниот линк до пријателите преку блогови, мејлови или „каде што сакате“.

Dropbox од неодамна најави и дека може да се споделуваат фолдери со пријателите на Facebook, што му овозможи на сервисот да допре до потенцијални 800 милиони корисници. Во моментов Dropbox има околу 50 милиони корисници.

3 коментари на “Спамирајте ги пријателите и грабнете 16 GB бесплатен простор на Dropbox

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии