SpaceX од руски ракети до Месечината и Марс

Минатата недела Елон Маск ја претстави иднината на SpaceX. Иако не беше ништо спектакуларно што не сме слушнале досега, сепак беше интересно повторување и потсетување на следните планови. Веројатно најголемо изненадување и брзината со која се предвидуваат првите летови во орбита кои се закажани веќе за 2020 година.

Како дополнителен приод за SpaceX, а без сомневање и за зголемување на популарноста и интересот, компанијата најави и комерцијални летови до Месечината и Марс. Веќе се познати и првите патници за овој лет. Еден од патниците ќе биде јапонскиот претприемач Јусаку Маезава, а заедно со него ќе патува и помала група на уметници.

Веројатно во 2001 никој не се ни надеваше дека SpaceX ќе биде компанијата која ќе има најголеми шанси да биде прва која ќе однесе екипаж на Марс. Сè започна со концептот за „Марс оаза“ на Елон Маск кој смета дека патувањето на Марс и основањето на прва колонија е од јавен интерес.

SpaceX всушност на почетоците во 2001 се обидуваше да купи ракети од Русија. Но дури и во овој период ракетите не беа евтини. И ова веројатно е најдоброто нешто што можеше да се случи. На враќање назад Елон Маск сфати дека може да основа компанија која ќе изработува поевтини ракети со што и патувањето ќе биде поевтино. Во SpaceX набрзина пресметаа дека ако ги произведуваат компонентите во своите погони ќе можат да ја намалат цената на лансирањето за 10 пати и да имаат 70 отсто заработка.

Следната година во 2002, официјално е основан SpaceX. Главната цел на компанијата беше да креираа ракета која ќе може да се користи повторно. Со ова значително ќе се намали најголемиот дел од трошокот за лансирање.

Во 2011 го најавија првото летало. SpaceX успеа во оваа намера и во 2012 започнаа со тестови со Grasshopper за вертикално полетување и слетување. Ова беше тест летало наменето за побавни и пониски летови. Сепак благодарение на овие први летови компанијата успеа да ја развие ракетата Falcon 9. Falcon 9 Reusable Development Vehicle (F9R Dev или F9R Dev1) беше поголема и значително понапредна верзија.Ова веќе беше ракета за брз лет и голема височина. Сепак овие верзии на ракетите беа клучни за развојот на следните генерации. Конечно на 21 декември 2015, погонската ракета Falcon 9 во својот 20 тест лет за првпат успешно полета и слета. Неколку месеци подоцна на 27 мај 2016 ракетата успешно слета на брод дрон на отворено море.

Без разлика на сите претходни изјави на помалку ексцентричниот Маск, ништо нè не подготви за конференцијата во која најави дека сака да патува на Марс. Во 2014 идејата за првите летови до Марс со Space X делуваше неверојатно, но денес иако не е без предизвици сепак се чини остварлива. Колонизацијата на Марс не е без проблеми, транспортот во моментов е еден од најголемите проблеми, но за првата колонија на Марс не е најголемиот.

„Дури и со милион колонисти ќе мора да претпоставите неверојатна продуктивност од сите, бидејќе треба да рекреирате целосна индустриска база на Марс. Ќе треба да се ископаат и рафинираат различни материјали, во околина која е многу потешка за работа отколку Земјата. Нема дрвја. Природно нема кислород и азот. Нема нафта…

Исклучувајќи го природниот прираст на Марс, доколку може да се префрлаат по 100 луѓе со еден лет, ќе бидат потребни 10.000 летови за да испратиме милион луѓе. Но, ќе треба и опрема за поддршка на овие луѓе, всушност односот помеѓу луѓето и товарот ќе биде прилично голем. Најверојатно ќе бидат потребни 10 карго лета за еден лет со луѓе, значи уште 100.000 летови и тоа 100.000 летови со огромен вселенски брод“.

Првпат леталото кое треба да пренесува патници на Марс го видовме 2016. Заедно со ова ја слушнавме и помалку контроверзната идеја за транспорт на луѓе од град до град со ракета. Оваа идеја наскоро пропадни или барем е далеку од реализација.

Во 2018 SpaceX го надгради дизајнот и е многу блиску до сегашниот дизајн. Системот за лансирање е висок 106 метри и широк 9 метри. Бустерот има 37 „Raptor-мотори“, а леталото дополнителни 6. Леталото доби ново име Super Heavy.

Тука некаде започнува и „приказната“ за втората погонска ракета Falcon Heavy. Ракетата овозможува подигање на потежок товар и подолги летови. Falcon Heavy за првпат успешно полета на 7 февруари 2018. Ракетата во орбита „го испрати“ Tesla Roadster возилото на г. Маск, а погонските ракети успешно се вратија назад.

Благодарение на постовите на Елон Маск на Twitter оваа недела можевме барем на 10 секунди да ѕирнеме во внатрешноста на леталото. Навистина нема што многу да се види, но и вака е забавно.

Falcon 9 и Crew Dragon се во Кејп Канаверал во исчекување на тестовите. Овие тестови ќе треба да покажат дали леталото е доволно безбедно за на него да тестира екипаж. Тестовите се за најлошо сценарио и ќе се тестира одделувањето на при максимално напрегање.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии