SpaceX и канадски стартап ќе праќаат реклами во орбитата

SpaceX и стартапот Geometric Energy Corporation (GEC) работат на испраќање на реклами во орбита. Досега веста ја потврди Самуел Рид, директор и основач на GEC, но нема никаква потврда од SpaceX.

Потфатот сè уште е во рана фаза. Стартапот работи на развој на сателитот кој ќе го овозможи рекламирањето во орбита. Планот е на едната страна од сателитот да биде поставен дисплеј на кој ќе може да се прикажуваат реклами, логоа, уметност. Штом стигне во орбита преку „selfie stick“ ќе започне да ја снима содржината која ја прикажува екранот. Ова видео директно ќе се пренесува на YouTube или Twitch, пренесе Business Insider.

Ако сè се одвива според плановите сателитот треба да биде лансиран на почетокот на 2022 година. Треба да биде качен на Falcon 9 ракета и да биде лансиран пред ракетата да стигне до месечината.

Иако технологијата и сателитот се во развојна фаза, во GEC го разработија начинот за наплата за секоја реклама. Компанијата планира да продава токени кои се однесуваат на различни параметри и планот е многу интересен.

Екранот на кој се прикажуваат рекламите е пикселизиран, и купувачите ќе можат да купуваат пиксели. За прикажување на секој пиксел се потребни 5 токени. Секој токен е различна карактеристика. Така „гама“ токенот е осветленост; „капа“ е бојата; „бета“ е х-координата, „ро“ е y-координата, „кси“ е време во кое рекламата ќе биде видлива. Секој од овие токени може да се купи со криптовалути. За почеток токените ќе бидат достапни за купување со етериум, а од GEC се надеваат дека подоцна би можело да се користи и догкоин.

Досега нема одговор од SpaceX за партнерството со GEC, па тоа можеби и нема да се случи. Дали тоа ќе значи крај за целиот проект ќе треба да почекаме и да видиме.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии