SpaceX го претстави новиот вселенски брод и најави приватни летови до Месечината и Марс

Дејан Соколоски

во Вести

Конечно ја видовме и  долго најавуваната презентација на новото летало на SpaceX. Елон Маск го претстави леталото за кое верува дека ќе му помогне на Space X да ја освои вселената. Oчекува првите летови во орбита да бидат за 6 до 7 месеци.

„Ова звучи тотално лудо, но мислам дека сакаме да се обидеме да стигнеме до месечината за помалку од 6 месеци. Со оглед на стапката на подобрување на дизајнот и подобрување на производството, ако продолжи со ова темпо очекувам дека процената е точна со некој месец повеќе или помалку“, вели г. Маск.

Вселенскиот брод ќе биде висок 50 метри, има дијаметар од 9 метри и ќе може да подигне 150 тони.

Новото летало со погон од Falcon Super Heavy ракети, може да однесе во вселената 100 патници, а првиот лет е веќе најавен за 2020. Еден од патниците на овој лет ќе биде јапонскиот претприемач Јусаку Маезава, а заедно со него ќе патува и помала група на уметници.

Видеото од целиот настан е достапен подолу.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии