Space X ракетите ќе се спуштаат со балони?

Дејан Соколоски

во Вести

Ова ќе звучи малку лудо, но… Space X ќе се обиде да ги приземји горните делови од ракетите од орбитата со огромен балон, најави Илон Маск.

Да бидеме искрени, ако било кој друг го најавеше ова тешко дека ќе сфатевме сериозно. Но, г. Маск и Space X не се било кој, па вестите од оваа компанија ги прифаќаме полесно. Секако за ова придонесува брзиот успех кој Space X го остварува со летовите на Falcon и Falcon Heavy.

Компанијата постои од 2002 година кога г. Маск ја основа. Сепак привот значаен лет е во 2012 година кога првата ракета на Space X стана прва ракета од приватна компанија која стигнала до Меѓународната вселенска станица. Во 2015 година компанијата успеа да креира ракета која полета и успешно слета.

NASA и Space X пред неколку часа веќе го лансираа „ловецот на планети“ – сателит кој треба да пронаоѓа планети надвор од сончевиот систем. Transiting Exoplanet Survey Satellite или (TESS) ќе може да скенира 400 пати поголем простор отколку Кеплер. Falcon 9 го постави сателитот во орбита, но оттука сателитот треба да направи прилагодувања за да влезе во конечната орбита околу земјата. За ова ќе бидат потребни околу 60 дена.

„Ќе идентификува илјадници нови планети во близина, со фокус на планетите со големина како и земјата“, вели Џорџ Рикер од MIT.

И иако изгледа дека г. Маск не може да погреши, сепак одвреме на време се појавува некој пример да не потсети дека и тој е човек. Неодамна г. Маск објави дека направил грешка со замената на работниците со роботи. Барем засега се чини дека и комплетната автоматизација е претерана. Поради ова г. Маск повторно ќе почне да вработува повеќе луѓе за да го забрзаат производството на Tesla Model 3.

„Да, претераната автоматизација беше грешка. Да бидам попрецизен, моја грешка, луѓето се потценети“, вели г. Маск.

Компанијата има проблеми со одржување на брзината на производството. Новите вработувања треба да помогнат со ова и да го забрзаат производството. Г. Маск се надева дека компанијата ќе стигне до 5000 возила неделно. Засега произведуваат 2000, а до неодамна имаа проблем и со овие бројки.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии