Создавајте визуелно-импресивни постови, флаери и постери директно од вашиот телефон, со Canva

Би можеле да помислите дека е исклучително тешко да се истакнете со впечатливи постови, флаери или постери направени директно од вашиот телефон, но Canva е апликација која се заснова на едноставно и ефикасно нудење флексибилни можности.

Со Canva можете да подготвите најразлични импресивни содржини и целосно да ги спремите или за споделување на социјалните мрежи или за печатење. Покрај горе-споменатите работи, можете и да дизајнирате лого, да одстранувате позадини, да вметнувате анимации или текстуални ефекти, како и да уредувате видеа.

Најновата верзија нуди алатки кои ви дозволуваат поефикасно пласирање на визуелните елементи преку користење дополнителни копчиња од екранот. Паралелно со ова имате и нови урнеци кои ќе пружат дополнителни можности за визуелно изразување на вашата мисла.

Canva е апликација која е достапна и за Android и за iOS.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии