Создавајте уметнички слики со Artweaver Free

Artweaver е алатка која ќе ви се допадне поради три работи. Дозволува да создавате уметнички слики од ништо, како и да уредувате или подобрувате фотографии. Преку едноставен интерфејс, имате на располагање најразлични четки за создавање уметнички дела. Во случај да на едно дело работат повеќе лица, лесно може да се вклучат повеќе уметници. Работата автоматски се синхронизира.

Наспроти комерцијалната верзија, Artweaver Free е замислена само за академски, односно некомерцијални цели. Исто така, некои функции, како одредени четки и можност за меѓусебна соработка, не се достапни во бесплатната верзија.

Најновата седма верзија на бесплатната алатка се подновува со magic wand, clone stamp, но и подобрени можности за користење четка и активирање најразлични прилагодувања. Паралелно со ова, Artweaver Free конечно поддржува Windows Ink Pen, а и побрзо ги презема и имплементира надополнувањата.

Како што е случајот со вакви бесплатни софтверски решенија, потребна е одредена доза внимателност при исталирање. Пакетот од петни жили се труди да ви наметне инсталирање на дополнителни алатки. Погрижете се да го одбиете таквото нешто.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии