Создавајте типографски пораки со iOS апликацијата Wordilly

Креативност во начинот на кој комуницираме дефинитивно не е нова работа. Не е сè само во зборoвите; помладите генерации често отстапуваат место на малку поразлични начини за комуницирање, влечејќи визуелна инспирација за искажување на нивното моментно расположение.

iOS апликацијата Wordilly ви дозволува да создавате пораки така што користите некој од 30 понудени фонтови и комбинација од различни бои и стилови кои значително ви ги разубавиле вашите пораки преку социjалните мрежи.

Со Wordilly можете лесно и инстантно да започнете со создавање пораки. За таа цел имате понудени претходно изготвени урнеци кои дополнително ги уредувате. Секако, тука е и опцијата да создадете целосно нови дизајни така што ќе изберете фонт, големина, позиција и боја. Потоа, дизајнот можете да го сочувате или споделите со вашиtе пријатели.

Wordilly е целосно бесплатна апликација, лишена од реклами и микротрансакции. Апликацијата е всушност создадена од Џејсон Смит, ко-основачот на типографската компанија Fontsmith.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии