Создавајте силни лозинки со Dalenryder Password Generator

Смислување уникатни лозинки кои се тешки за погодување од други лица знае да биде вистински предизвик. Dalenryder Password Generator е бесплатна апликација која се одликува со неколку безбедносни алатки. На располагање имате алатка за брзо создавање лозинки, нивно складирање во сеф, квалитетна алатка за шифрирање на чувствителни податоци, но и корисен генератор на PIN-ови и кориснички имиња.

Во поглед на создавање лозинки, Dalenryder Password Generator може да понуди непресушни предлози со големина од 4 до 30 карактери. Како пријатен додаток е таканаречениот Trash Account модул кој создава лажни кориснички податоци, како име, презиме, корисничко име, привремена адреса, роденден и лозинка, буквално сè што ви е потребно за да создадете акаунт на некој сајт каде не сакате да оставате вистински податоци.

My Password алатката, пак, ви поставува неколку прашања и, во зависност од вашите одговори, нуди уникатни фрази како можни лозинки кои дополнително треба да ги искомплицирате со вметнување бројки или симболи. Во случај да имате некоја кратка фраза, PlusPassword алатката автоматски да ја искористи за да понуди комплексна лозинка каде саканата фраза е проширена со дополнителни броеви, големи и мали букви, и симболи.

Најновата, петта верзија на Dalenryder Password Generator може да се пофали со неколку подобрувања. Имено, Password Lab сега ги памети сите ваши прилагодувања, а Password Safe доаѓа со значителни измени во интерфејсот. На располагање имате и нова лента за пребарување, како и дополнителни опции за полесно пронаоѓање податоци.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии