Создавајте нови фонтови со Birdfont

Birdfont e бесплатна апликација со која се прават две работи:

  • Преточување на вашиот ракопис во фонт со кој понатаму можат да се пишуваат документите
  • Дизајнирање целосно нови и уникатни фонтови

Со најновата верзија на оваа апликација, корисниците ефикасно создаваат и користат фонтови во најпознатите формати како TTF, OTF, или SVG. Финалниот продукт е во боја, или, пак, црно-бел. Многу корисници се изјаснија дека управувањето со фонтовите е значително олеснето со Birdfont 4. Студиото зад алатката има извршено и огромен број надополнувања во самиот енџин.

На располагање имате и комерцијална верзија до чиј пристап доаѓате преку правење еднократна донација од барем 5 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии