Создавајте несовршени фотографии со Glitch Lab

До сега, во многу наврати зборувавме за алатки кои ви помагаат да ги подобрите вашите фотографии. Но, што доколку сте поклоник на филозофијата дека убавината е во несовршенството?

Glitch Lab е Android апликација која се одликува со исклучително „откачени“ филтри со кои се уфрлуваат одредени несовршености во фотографиите. На пример, како да наметнете ефект како на стара снимка од VHS видео касетите од деведесеттите години? Или како да наметнете ретро ефект како од исклучително стари игри?

За бројни откачени резултати, не мора да користите некој од претходно понудени урнеци. Доколку сакате, можете и самите да ги засукате ракавите и да пробате да комбинирате над 100 ефекти. Па така, можете одредени ефекти да ротирате, да го одредувате нивниот интензитет, да го менувате контрастот, новото на осветлување, како и да вметнувате баркодови, мрежи, броеви, азбуки, програмски јазици, и слично.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии