Создавајте музика со Serato Studio

Како алатка за правење музика, Serato Studio e осмислена на тој начин да може да им користи и на почетниците, и на професионалците. Преку инвентивен интерфејс, имате на располагање најразлични пакети од звуци, како и напредни можности за уредување и управување со вашата музика.

Serato Studio отсекогаш чинела пари, но сега има уште една верзија која е бесплатна. Разликата помеѓу двете верзии е повеќе од очигледна, но бесплатната верзија сепак може да послужи за солиден почеток во овие води. Алатката можеби се одликува со ограничен број од пакети со звуци, повеќе наменети за учење и скромно експериментирање, но не сте ограничени кога се работи за сочувавање и извлекување на финалниот продукт од вака-произлезената музика. Наш совет е да се запознаете со ограничените можности на бесплатната верзија првин, а, потоа, да ја проверите и платежната верзија која, моментно, има промо и нуди претплата од 1 месец за 1 долар. Нормалната цена е 10 долари месечно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии