Cakewalk е работна станица за напредно и бесплатно снимање и уредување аудио проекти. Најновата верзија е целосно бесплатна и е всушност истата верзија која претходно беше позната по името SONAR Platinum DAW, а чинеше неверојатни 450 евра.
Со Cakewalk можете да правите музика од ништо. Доколку не сте по ова, програмот можете да го искористите и за правење подкасти кои звучат исклучително професионално. Работната станица е крајно флексибилна и може да послужи за бројни аудио проекти.
Програмот не е едноставен за користење и потребно е одредено запознавање со сите алатки и можности пред да можете од ништо да направите нешто.

Во една или друга форма, Cakewalk постои повеќе од три децении. По прв пат, софтверот се појави во 1987 година за DOS, а стана достапен за Windows 3.0 vo 1991. Во 2017 згасна за да набргу пак се врати во живот од новите сопственици BandLab Technologies.