Создавајте музика од секојдневни звуци со Tone Transfer

Tone Transfer е интересна алатка која пружа втора шанса на неталентираните уметници. Mожеби никако не можете да научите да свирите некој инструмент, но со Tone Transfer не ни морате. Алатката ви дозволува да создадете музика од секојдневни звуци како што е пеењето на птиците, тропањето на масата, работата на автомобилите и слично.

Ваквите секојдневни аудио извори поминуваат низ алгоритмите за машинско учење на Google и ги трансформираат во звучна алтернатива која како да е отсвирена со флејта, саксофон, труба, или виолина. Нема крај на креативноста, а резултатите обично се премногу импресивни за да бидат игнорирани. По завршената трансформација, можете подетално да прилагодувате одредени звуци, а во моментот кога сте задоволни со сработеното, можете истото и да си го преземете.

Иако треба да дадете дозвола за користење на вашиот микрофон, знајте дека трансформацијата на снимките се врши директно преку вашиот прелистувач, а никакви идентификациони податоци не се собираат од вас. За жал, Tone Transfer функционира само преку десктоп, односно Android, но не и iOS

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии